"Loading..."

Јавна Администрација


С

игурна плата, здравствено осигурување, платени придонеси, фиксно работно време и малку вложен напор се едни од многуте придобивки на јавната админситрација која останува најатрактивното место за вработување помеѓу младите.  Бројната и неефеикасна администрација не е само проблем во Македонија, туку и во други поразвиени земји. Но, додека таму бројот на вработените во последните години постојано се намалува, кај нас е обратно, со постојан раст на перманентни вработувања кој особено се зголемува за време на избори.

Дали невработеноста во Македонија вистински се намалува или тоа е резултат на тоа што Владата и нејзините институции се и понатаму главниот работодавач.  И покрај неверојатно високата бројка на вработени во јавна администрација, нејзината ниска продуктивност укажува на неквалификувани кадри. Од ангажирање на лица на квантитативна основа, наместо на квалитетен кадар, страдаат и системот и економијата. 

Основниот ризик од растечката јавна администрација и државата како најголем работодавач е во економската неодржливост.

Потребно е администрацијата да има високо развиена свест дека постои поради потребите на граѓаните. Основниот ризик од растечката јавна администрација и државата како најголем работодавач е во економската неодржливост. Јавната администрација се плаќа од даночни обврзници, а буџетот за исплата на плати за администрација во последниве неколку години, постојано расте. Овие пари кои се наменети за плати на државни и јавни службеници, се неповратни. Поради тоа, единствениот одржлив начин за економски раст и справување со високата стапка на невработеност, лежи во приватниот сектор. Но проблемот не лежи само во економската неодржливост на јавната администрација туку и во придобивките за вработените, на долгорочен план. Можностите за напредување во јавна администрација се ниски, младите не се надградуваат, не ги подобруваат своите вештини, не инвестираат во себе и немаат многу можности за напредок во кариерата.