"Loading..."

Преку кул ми е!


Н

а 18ти Март, во Кинотека на Македонија со почеток од 19 часот се оддржа настанот „Преку кул ми е!“, на тема вклученост на младите во медиумите. Младинскиот совет на Американската амбасада заедно со здружението Рацио, во склоп на серијата настани ‘’Let’s talk about’’ решија да позборуваат за исклученоста на младите од медиумите, медиумската писменост и како да ги надминеме овие проблеми и беше понудено решение преку новата „платформа за млади“ како тие ја нарекуваат емисијата Крик која треба да почне да се емитува од 28.03.2018 (среда) на Телевизија 24.

На настанот се зборуваше за севкупните општествени проблеми и како тие ефектираат врз младите и нивните можности за изразување. Деница Чадиковска и Давид Илиевски креаторите КРИК, заедно со Сара Миленковска како модераторка, во првиот панел зборуваа за медиумското портертирање на младите, темите кои ги таргетираат, а за кои не се зборува во медиумите и предизвиците со кои соочуваат младите кога немаат простор каде да го канализираат својот глас. Како заклучоци од првата дебата произлезе идејата за мотивирање на самоницијативноста на младите, односно тие да се постават како креатори на нивниот глас дури и кога навидум немаат можности. Но, затоа сега го имаат Крик!

Медиумската писменост се гледа како еден од клучните фактори преку кои треба да се делува за креирање критичко општество.

Во вториот дел од дисусијата разговараа Сашка Цветановска (новинар), Огнен Јанески (новинар и активист), Александра Теменугова (истражувач, Висока школа за новинарство). Нивната призма на публиката им ја доволови состојбата на медиумите, слободата на изразување и системските проблеми со кои се соочува Македонија. Медиумската писменост се гледа како еден од клучните фактори преку кои треба да се делува за креирање критичко општество. 

Наративот на настанот беше во насока на изнаоѓање решенија после детектитрање на проблемите. Преку дисусијата и со публиката се произнесе ставот, дека во недостиг на објективни медиуми, граѓаните можат и самите да станат медиум. Но, секогаш да ја знаат одговорноста која тоа ја ности. Деница и Давид, при самиот крај на настанот имаа инспиративини искази во однос на тоа како најдобро да се искористи енергијата на младите кои се желни за промена. Кратко видео за најава на емисијата Крик беше емитувано на самиот крај.  Позитивно беше да се види дека луѓето се заинтересирани за вакви настани дури и во недела кога е ден за одмор.