"Loading..."

Дискрепанцата помеѓу вештините кои се нудат и оние кои се бараат на пазарот на труд


Е

ден од најголемите парадокси на денешницава е кога од штотуку дипломирани студенти се бара долгогодишно работно искуство. Без искуство не може да добиете работа, а без работа не може да стекнете искуство. Тоа е исто како некој да ви каже: „Не се доближувај до водата, додека не научиш како да пливаш.“ Но, неизбежно е да се постави прашањето, дали работодавците се оние кои имаат нереални очекувања, или пак студентите не успеваат да ги развијат потребните вештини за време на образовниот процес?

Не постои еден и едноставен одговор на ова прашање. Од една страна работодавците велат дека студентите, иако имаат теоретско знаење, им недостасува способноста да го преточат ова знаење во практика и да размислуваат критички, иновативно, да решаваат комплексни проблеми и да работат тимски. Од друга страна, тие очекуваат од студентите да поседуваат вештини кои обично се стекнуваат преку работа и искуство, бидејќи работното место е сепак најголемиот учител за критичко размислување и интерперсонални вештини.Но, неизбежно е да се постави прашањето, дали работодавците се оние кои имаат нереални очекувања, или пак студентите не успеваат да ги развијат потребните вештини за време на образовниот процес?

Не се доближувај до водата, додека не научиш како да пливаш. 

Не постои еден и едноставен одговор на ова прашање. Од една страна работодавците велат дека студентите, иако имаат теоретско знаење, им недостасува способноста да го преточат ова знаење во практика и да размислуваат критички, иновативно, да решаваат комплексни проблеми и да работат тимски. Од друга страна, тие очекуваат од студентите да поседуваат вештини кои обично се стекнуваат преку работа и искуство, бидејќи работното место е сепак најголемиот учител за критичко размислување и интерперсонални вештини. 

Еден од најголемите пропусти кој води до овој “магичен круг“ е во тоа што образованието треба да е повеќе фокусирано кон задоволување на потребите на работодавците. Тука не зборуваме само за високото образование, туку за целиот образовен процес кој треба соодветно да ги подготвува младите за реалниот свет. Наставна програма која е изготвена во склад со потребите на пазарот, со цел поефективно да се развијат работни вештини.  Вистинско практично искуство во склоп на учењето, разбирање за тоа на кој начин функционира работното место и способност да се примени теоретското знаење, им се исклучително важни на работодавците. Но, сепак образованието не им го нуди ова на студентите. Не е тешко да се разбере како оваа појава е фрустрирачка за работодавците, кога децата уште од мали се „заглавени„ во училниците и преоптоварени со огромен материјал, наместо да го видат и искусат она што го учат, во надворешниот свет. Образовниот систем е фокусиран на акедмското постигнување со огромен акцент на стекнување дипломи. Затоа е потребно да се стави притисок на авторитетите, да им овозможат на оние кои не се наменети за академски фокусирана едукација, да развијат практични вештини, а истовремено и да се осигураат дека оние кои продлжуваат со високото образование, се навистина способни да го применат стекнатото знаење.

Очекувањето е дека вештините ќе произлезат од знаењето. Но искуството покажува дека кога се учи пасивно, без притоа да се стави акцентот на стекнување способности, знаењето што се стекнува е на толку површно ниво, што истото не може да се примени во нови ситуации и средини. Разбирање на суштината на она што се учи и активно учење, доаѓа само доколку подеднакво се фокусираме на вештините и знаењето, при што едното би го збогатувало другото и обратно. Помеѓу најчесто барани способности од страна на работодавците се:

  • - Комуникациски способности
  • - Тимска работа
  • - Критичко размислување, насочено кон решавање проблеми
  • - Интерперсонални способности
  • - Работа со компјутери
  • - Лидерски и менаџерски способности
  • - Способност за учење
  • - Креативност
  •  

Дали сите овие способности се учат низ образовниот процес? Многу е тешко да се замисли, како еден пасивен слушач би развил комуникациски способности.  Уште потешко е да се замисли дека училиштето, во кое дисциплината и послушноста се на прво место, ќе продуцира лица кои размислуваат критички. Дали наставната програма остава широк простор за креативност? Дали училиштето им воозможува да стекнат вистинска способност за учење, што подразбира продирање во суштината на нештата и учење со разбирање, а не само гребнување на површините на безброј различни предмети, без продлабочување на знаењето. Постои претпоставка дека изучување на една дисциплина ќе води кон вештини за размислување од повисок ред. Оваа претпоставка е неоснована, бидејќи брзото и претерано обемно учење, ретко води кон подлабоко изучување на одредена дисциплина.